Велија Рамковски излезе од „Идризово“

Од:

Поранешниот сопственик на телевизијата А1, Велија Рамковски, по речиси седум години поминати во затворот „Идризово“ денеска излезе на слобода.

Лејла Рамковска, ќерката на Велија Рамковски на социјалните мрежи објави фотографија со него и нејзината сестра Емел Рамковска по излегувањето од затвор.

Рамковски беше осуден на 13 години затвор, но најверојатно добил привремен отпуст за лекување, поради што денеска бил ослободен.

Отпустот за лекување значи дека Велија Рамковски по неколку месеци повторно ќе се врати во затвор, но постои и можност тој целосно да биде ослободен доколку до тогаш изминат 8,6 години откако е притворен, односно ќе има одлежено две третини од казната по што може да бара условен отпуст.

Би можело да ве интересира

Пандов: Судница во Идризово е правена по европски стандарди, заслужува почесто да биде користена

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Почина осуденик од затворот „Идризово“

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница