Велигденска служба по повод Христовото воскресение во Делчево

Од:

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Делчево се одржа велигденска служба по повод Христовото воскресение – Велигден. На службата му претходеше пристигањето на Благодатниот оган, по што со црковно пеење и црковните звона на камбаните, беше објавена веста за Христовото воскресение.

Во својата проповед на богослужбата парохискиот свештеник и старешина на црквата Николчо Воиноски, апелираше верниците да се придржуваат кон мерките на надлежните, со цел да се спречи заразата.

-Возљубени македонски чеда поминуваме низ еден период кога Бог од нас бара послушност и воздржување. Појавата на коронавирус во светот и во нашата земја не натера да размислуваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. Затоа да се придржуваме кон советите и мерките изречени од надлежните институции и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите и им препорачуваме да се молат во своите домови за Бог да не избави од оваа опасна болест, истакна Воиноски.

Упати на молитва за медицинските лица, полицајците и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата.

– Да се молиме за заболените да оздрават, како и за душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Да се молиме Бог да ни ги прости гревовите и да не помилува зашто само Бог е прибежиште и сила и докажан во невољите. Затоа во маката да бидеме трпеливи, а во молитвата зашто воскреснатиот Бог е нашата надеж. Нека овој период ни биде време за покајание и за засилена молитва, што не снајдоа нека ни бидат за утврдување во верата и за духовно напредување. Се е возможно за оние што веруваат зошто Господ знае да ги избави побожните од искушенија, додаде во својата проповед Воиноски.

Да ја споделиме со сите радоста за воскресението на вечниот лечител и никогаш да не заборавиме на тоа дека колку сме поблиску до Бога, толку и тој ќе биде поблиску до нас, додаде делчевскиот старешина.

Велигден согласно препораките за заштита од коронавирус, граѓаните го дочекаа во своите домови со свеќи во раце изговарајки го христијанскиот поздрав Христос Воскресе – Навистина Воскресе.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска

Г.г. Стефан утре ќе чиноначалствува со литургијата во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

Ана Ололовска