Велигденска честитка од Заев до бискупот Киро Стојанов и католичките верници

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.

– Во оваа убава прилика ги нагласувам моите искрени уверувања и заложби сите ние заедно да продолжиме секојдневно да остваруваме свој придонес во создавањето напредна иднина на Република Македонија во која ќе продолжи да владее меѓусебно разбирање, заемно помагање и толеранција меѓу сите граѓани. Убеден сум дека покрај политичките и граѓанските, и сите верски ентитети, вклучително и Католичката црква во Република Македонија, ќе продолжат да даваат суштински придонес во таа насока.

Вам лично и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија Ви посакувам да ги поминете велигденските празници радосно и во добро здравје, во кругот на семејството и со добро празнично расположение, пишува во честитката на лидерот на СДСМ Заев.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост