Велигденска честитка од Црвенковски до православните верници

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово- Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, арихиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници во Република Македонија.

– Дозволете ми Вам лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво, на сите православни верници во Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден со искрени желби за добро здравје, општа благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови, се вели во честитката.

Славејќи го овој голем христијански празник, се наведува во честитката, сакам да го истакнам моето уверување дека Македонската православна црква ќе продолжи, како и до сега, секојдневно да го дава својот придонес во јакнењето на меѓуверскиот дијалог, промоцијата на мултикултурната и мултиконфесионална соработка и соживот на сите граѓани.

– На крајот дозволете ми уште еднаш да Ви посакам Вам лично и на сите православни верници во Република Македонија да ги поминете велигденските празници со мир во душата, љубов и верба во срцата и во кругот на Вашите најблиски, стои во честитката од Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост