Велигденска честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов

Од:

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение-Велигден до верниците од католичка вероисповед упати велигденска честитка.

– Браќа и сестри во Христа! Празнувајќи го најголемиот христијански празник, страданието, смртта и воскресението Христово, христијаните се впуштаат во размислување и проживување на најдлабоките тајни на човечкото постоење: Тајната на смртта и тајната на животот. Исус Христос е навистина Бог кој стана човек и кој врз себе ја зеде сета горчина и тегоба на човечкиот живот. Беше неприфатен, прогонуван, бегалец, сиромав. Беше славен, но исто така и наклеветен и осуден и на крајот насилно убиен. Страданието кое го поднесуваше дотолку повеќе беше болно и несфатливо.

Со својата смрт на крстот, на тоа апсурдно страдание, му даде друг назив: да се љуби човекот. Христијанството започна на настанот, кој излегува и ја надминува нашата историја а тоа е Воскресението. Оној истиот Христос кој страдаше и почина сега е жив во вистинското тело но кое не е потчинето на нашите физички закони. На тоа почива верата на христијаните која е нивна сила и вдахновение да го прифатат сето она што Христос го учеше и го правеше. Центар на нашето верување е Бог но кој има човечко лице. Затоа христијанството е свртено кон човекот, учествува во Неговата радост и страдание и се обидува во сите околности од животот да даде позитивен придонес кон вистинските вредности на животот: вистина, правда, љубов и мир. За нас човекот е центар како да се препознае, почитува и да се дојде до Бога.

Божјиот пат кон човекот е Христос а патот на христијаните кон Бога е човекот. Затоа на овој празник е зачната Црквата – Христовото Мистично тело – која ја навестува победата на животот над смртта, доброто над злото, вистината над лагите и ништо друго не ветува освен живот вечен. Во тие мисли на охрабрување дека Бог не го напушта човекот, сакам вашите срца да ги поттикнам во сите тешкотии, прашања и дилеми да го кренете погледот кон Христос, славниот и Воскреснат и еден на друг да станеме брат и сестра за така да си помогнеме да се реализира Евангелскиот живот. Честит празник Воскресение Христово – Христос Воскресе!, вели во велигденската честитка бискупот скопски Киро Стојанов.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска