Величковски во Струмица: Проблемите во Македонија не може да се решаваат со популизам, јавната администрација веројатно ќе мора да се редуцира

Од:

– Во моментот немаме претстава колкумина се вработени во администрацијата. Но, ако се потврди партиската превработеност во администрацијата – нема да има избор. Нема да ја консолидираме државата без консолидација на јавните финансии. Тоа значи промена на принципот и ефикасноста на субвенционирањето – од земјоделството, до јавниот превоз. Истото се однесува и на администрацијата.

Никој не сака отпуштање, но што ќе мора да се направи – ќе го направиме. За нас, целта е низ јавните овластувања на приватните ентитети дел од административците да преминат во приватниот сектор и таму да ги продолжат своите кариери, вклучително низ пакети и сет мерки за трансфер од
јавниот во приватниот сектор – изјави претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски при средбите во текот на посетата на Струмица синоќа.

– Сега слушам лицитирање со субвенции и буџетски привилегии. Од Либералната партија тоа никој не го бара, ниту ќе го добие. За популизам се „задолжени“ т.н. „големи“ партии. Ние сме тука за да застанеме на патот на лажните ветувања и да ја добиеме поддршката од граѓаните кои добро ја знаат
реалноста и бараат одржливост на земјата – истакна претседателот Величковски.

Тој се согласи дека граѓаните имаат право да ја знаат реалноста, а политичарите имаат обврска да се соочат со тешкотиите, наместо само да бркаат привилегии и нагласи:

– Децении наназад се даваат ветувања за тоа како ќе се трошат јавните пари. Нам целта ни е граѓаните, семејствата, да заработат и акумулираат повеќе, a државата да прибира и троши помалку јавни средства и оние што ќе ги употреби– да бидат рационално наменети.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска