Величковски: Секој глас за пржинската четворка ќе биде само за одржување на досегашната состојба и проблеми

Од:

Секој глас даден за пржинската четворка ќе биде само глас за одржување на досегашната состојба и проблеми, изјави Ивон Величковски, носител на листата на Либералната партија во ИЕ1.

Нема да зборуваме за другите партии, само сакаме да кажеме зошто настапуваме вака и зошто комуницираме директно со граѓаните. Затоа што сметаме дека секој глас даден за пржинската четворка ќе биде само глас за одржување на досегашната состојба и проблеми.

Економијата е на прво место. Зборуваме за мерки кои директно треба да влијаат на стандардот на граѓаните. Го објаснуваме нашиот проект, т.н. Солидарен концепт со кој 28.000 семејства треба да излезат од банкарското заложништво по основа на своите кредитни картички.
Наш приоритет е сето она што значи консолидација на институциите. Слушаме многу предлози за прашања, сакате од етнички, сакате од меѓународен домен коишто треба да го отворат уставот. Сметаме дека во овој момент отварањето на уставот не е прашање. Напротив, прашањето е консолидирањето на државата, на институциите, кои во изминатиот период покажаа дека имаат проблематично функционирање и дека правото не владее тука.

При претставувањето на кандидатите, Величковски предложи: Дозволете наместо само ние кандидатите да зборуваме, за промена – ние да одговараме пред вас и да ни ги поставите прашањата кои ве интересираат. Бидејќи се до сега се движело на начин „некој да каже што да се прави, како да се прави, зошто да се прави, а никој нема да ви каже колку тоа ќе ве чини.“

Наша задача е секој да дојде до својот профит, под еднакви можности, врз основа на еднакви шанси и врз основа на пресметливи закони.

Задачата на пратениците на Либералната партија ќе биде владата во која ќе учествуваме, мора да биде да се стабилизира системот, да се стабилизира општеството, да се постигне кохезијата на македонската нација во која припаѓаат сите припадници запишани во уставот и сите етнички заедници кои не се запишани во уставот…

Но, тргнуваме од следното тројство, од следниот „магепсан круг“: организирана држава – економија на прво место – и образование и млади. Тоа се три сегменти поврзани еден со друг. Без економија нема никаква иднина, ниту сегашност.
А не може да имаме економија ако немаме стабилни институции и кој тоа да го овозможи, да ги гарантираат правата и сопственоста…

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска