Величковски на заседание на воениот комитет на НАТО во Брисел

Од:

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на 176. заседание на воениот комитет на НАТО.

За време на заседанието, началникот Величковски ќе се обрати на две сесии на кои ќе присуствуваат началници на генералштабови на земјите учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ и земјите – партнери на НАТО.

Состанокот на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови се одржува двапати годишно со цел да се разгледаат актуелните мисии и операции на НАТО, како и да се обезбедат воени совети на Алијансата во справувањето со глобалните безбедносни предизвици.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски