(ВИДЕО) Величковски: Да се редуцираат администрацијата и државниот буџет

Од:

Администрацијата да се редуцира зашто не е двигател на стопанството, а луѓето да се префрлаат во приватни ентитети кои ќе имаат јавни овластувања добиени од државата и од локалната самоуправа, рече денеска на средбата со граѓани во Свети Николе носителот на кандидатската листа за пратеници и лидер на Либералната партија Ивон Величковски, осврнувајќи се на економскиот дел од предизборната програма.

Според него, ЛП размислува за проекти кои не оставаат некого без работа, туку прават простор на пазарот.

– Кога зборуваме за овие теми всушност зборуваме за тоа како да се зема помалку од стопанството, а да остане повеќе кај граѓаните. Затоа велиме дека потребен и помал буџет. Во денешни перформанси тоа би значело не 3,4 милијарди евра, туку 2,9, истакна Величковски.

Се осврна и на претприемаштвото, како и на проблемите со кои се соочуваат малите и средните компании.

– Не мора да има Централен регистар каде што ќе регистрирате фирми во државна институција, тоа може да биде во стопанските комори, ќе биде побрзо, поевтино, ќе има и конкуренција во таа дејност, а луѓето нема да останат без работа, посочи Величковски.

Либералната партија, додаде, беше и останува гарант на претприемачите, лекарите, адвокатите, на цели фели и по изборите.

На средбата со граѓаните беше и носителот на листата во ИЕ 3 Данчо Марковски кој, исто така, потенцира неколку постулати од програмата на Либералната партија. Напомена и дека партијата нема да прифати непринципиелни коалиции, ниту ќе влезе во матрицата на големите партии.

– Нивната идеја е да се дефокусира јавноста, зборуваат за непотребни теми, никој не го интересира тоа. Ниту двојазичност, ниту федерализација, народот го интересира епилог од состојбата во која се наоѓаме денес, истакна Марковски.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска