Велески: Димитар Стевананџија, крие имот од јавноста!

Од:

 
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, крие имот од јавноста! Еве го неговиот Анкетен лист, со денешен датум. Како личен недвижен имот пријавил дека е сопственик на еден стан, а како недвижен имот на родители пријавил куќа во Прилеп, вели Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ – Прилеп.
 
Но, имотните листови до кои дојде СДСМ Прилеп, прикажуваат два станови коишто треба да бидат наведени во Анкетниот лист на Стевананџија.
 
Дали станот на улица „Васил Ѓоргов“ бр.9/2-11 во Скопје , КО Центар 2, е негов и дали е тоа станот што е пријавен во анкетниот лист?
 
Дали станот, според овој имотен лист на ул.Борис Кидриќ 4/16 во Прилеп е во сопственост на таткото на ДимитарСтевананџија? Ако е, зошто не е пријавен во Анкетниот лист?
 
Зошто во Анкетниот лист стои само еден стан, без конкретна локација каде се наоѓа? 
 
Стевананџија има обврска да им даде одговори на граѓаните и за други имотни прашања.
 
Дали една половина од стамбената куќа на ул.Јоска Јорданоски – Прилеп е негова? Ако е негова зошто не е пријавена во Анкетниот лист?
 
Дали дел од имот во место викано Шаторов Камен КО – Прилеп е на неговата сопруга? Ако е, зошто не е пријавен во анкетниот лист?
 
Има ли и друг имот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ што се крие од јавноста?
 
Колку чини вкупниот имот на Стевананџија и на кој начин е стекнат?
 
Очигледно дека само функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат додека сите други граѓани осиромашуваат.

Порачуваме дека Државна комисија за спречување корупција има обврска да ја провери имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија и да преземе соодветни законски мерки доколку криел имот, спротивно на законот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда