Велешките села Раштани и Бузалково ќе добијат чиста вода за пиење

Од:

Населените места Раштани и Бузалково во велешко ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем.

Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција рече дека почнала реализацијата на проектот „Водоснабдување на Раштани и Бузалково“.

– Во текот на вчерашниот ден е објавен јавен повик за изградба кој е предвиден за првата фаза за што локалната самоуправа има издвоено 10 милиони денари од буџетот. Трасата на цевководот ќе изнесува 9,5 километри. Дел од проектот е изграба на препумпна станица, затоа што таа поминува низ карактеристичен предел. Согласно роковите за реализација на тендерската постапка се очекува градежните работи да почнат за еден месец, истакна Чадиев.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско