А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Велешките пожарникари апелираат да не се палат стрништа и нискостеблеста шума

by А1он19/07/2017 - 17:03109
Share0

Според информацијата од Противпожарната единица во Велес во изминатите денови во реонот на велешко избувнале неколку пожари во кои изгореле десетици хектари ниско стеблеста дабова шума во реонот на Богомила и уште неколку велешки села.

Добивај вести на вибер

Воедно во реонот на селата Раштани, Белештевица и Слп изгореле и два –три хектари со неожнеано жито. Вакви пожари имало и во близина на село Иванковци.

Љупчо Лепидовски Командир на ППЕ, апелира до земјоделците да не ги палат стрништата, а до граѓаните да не ја палат нискостеблестата шума бидејќи потоа последиците и по останатата шума и животната средина можат да бидат со огромни.

-За жал во најголем дел причинител на пожарите е факторот човек свесно или несвесно, но има и такви кои собираат печурки по шумите и кои ја палат ниско стеблестата шума за на тоа место да никнат печурки. Тие сметаат дека ќе заврне дожд, но, тој често знае да изостане, а пожарот брзо се шири и може да биде голема опасност и по околната шума и да ја уништи како што беше случај во изминатите лета. Затоа апелираме до нив и нивната совест да не ја палатниско стеблестата шума, потенцира Лепидовски.

Воедно информира дека и годинава со земјоделците имаат едукативни предавања за да не ги палат стрмништата со што ја уништуваат животната средина. Такви предавања веќе се одржани со земјоделците од велешкото село Иванковци коиј е најголем производител на жито. Тој потсетува и дека казните за палење стрмништа се високи.

Лепидовски информира дека и годинава имаат добра соработка со ЈП МЖ со кои од мај па во текот на целото лето покрај пругата сообраќа возот – со две цистерни вода.

– Ние веќе три пати го полниме возот – цистерна и тој сообраќа покрај пругата и истура вода кога е многу топло, а возовите фрлаат искри кои лесно можат да ја запалат тревата ,а потоа да се прошири и на околната шума. Воедно имаме и заеднички противпожарни екипи во случај на пожар со вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ и ЈКП „Дервен“ и соработката на тој план е одлична, потенцира Лепидовски.

veles

Би можело да ве интересира

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски09/12/2025 - 14:55

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 11:5201/11/2025 - 12:03

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски18/10/2025 - 12:1218/10/2025 - 13:00

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Горан Наумовски10/10/2025 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен