Велешките еколози бараат да се заштитити локалитетот Долна Бабуна и Пешти

Од:

Еколошкото друштво „Вила Зора” од Велес денеска побара да се стопира несовесното узурпирање и уништување на локалитетот Долна Бабуна и Пешти во околината на Велес со огромен број на дивоградби на локации покрај самата река, кои без никаква контрола се градат од страна на несовесни граѓани.

Како што информира Ненад Коциќ претседател на друштвото, после нивниот проектот од пред десетина години, а со кој била поставена урбана опрема на самата локација, сега локалитетот е запуштен, несреден и од место во кое уживале велешани, посебно во вакви тропски горештини, сега е запуштено и узурпирано подрачје.

-Нагласуваме дека Долниот тек на реката Бабуна е прогласен за Подрачје со карактеристичен пејсаж од страна на Македонија. Затоа јавно ја повикуваме Општина Велес да преземе мерки за да се заштитат ендемските видови флора и фауна кои живеат на ова подрачје, бара Коциќ од името на еколозите и сите граѓани кои го сакаат овој локалитет и сметаат дека итно треба да се заштити од несовесните граѓани.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско