Велешки „Димче Мирчев“ со австриски експерт ќе ја подобрува конкурентноста

Од:

Австрискиот експерт, инжeнер за рударство Гунтер Кобалт од Виена со посредство на македонската Влада неделава е во посета на велешката фабрика за талк „Димче Мирчев“ каде со својата стручност треба да му помогне на менаџерскиот тим во процесот на производство и за поголема конкуретност на нивните производи.

Според неговите првични анализи, велешката фабрика има одлична суровина на шкрилец и талк и треба да го зголеми производството на производи од шкрилец кои првично би се пласирале на домашниот пазар и во земјите од регионот, а потоа и на европскиот и светскиот пазар.

– Сопствениците најпрво треба да направат свој бизнис план за пласман на шкрилецот со којшто ќе се побараат и странски инвеститори и заинтересирани партнери со кои ќе можат понатаму да го разработат овој проект, истакна Кобалт.

Негова задача, како што појасни, ќе биде да ги провери и сите европски производители на шкрилец и да види какви се нивните размислувања за заедничко вложување со велешката фабрика.

Сопственикот Благој Шалев информира дека заедно со Кобалт ги посетиле двата рудника кои ги имаат под концесија и оти од негова страна е сугерирано дека треба да се вложува во шкрилецот.

– Со неговата стручна помош ќе направиме комплетен бизнис план, отпочнување на производство и барање на пазар и вистинскиот вид на производ којшто ќе го понудиме на европскиот и светски пазар, истакна Шалев.

Австрискиот експерт и помогнал на компанијата и во начинот на експлоатација на шкрилецот, начинот на производство, набавката на нови машини и слично.

Фабриката „Димче Мирчев“ сега произведува шкрилец за ограничен македонски пазар, односно само по нарачка. Нивниот шкрилец е искористен за уредување на Вевчани, Бигорскиот манастир и други објекти.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски