А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Велешани повторно ќе добијат кино

by А1он02/02/2020 - 12:06361
Share0

По речиси две децении велешани повторно ќе добијат кино со најсофистицирана опрема за прикажување дигитално кино, а ќе биде сместено во салата „Бели мугри“ на Локалната библиотека односно во склоп на Младинскиот креативен центар кој тука ќе профинкционира до крајот на февруари или почетокот на март.

Добивај вести на вибер

Како што најави градоначалникот Аце Коцевски, покрај техничката опрема, во рамки на проектот, сцената во салата ќе биде соодветно прилагодена за потребите на киноприкажување и за други мултимедијални настани.

Ова е приоритетен проект од областа на културата во 2020 година и еден од најзначајните во изминатите децении, кој Велес ќе го вброи во водечките културни центри во државата, истакна Коцевски.

Тој најави проектот да биде завршен во најкраток можен рок, со цел велешани што побргу да имаат можност да ги следат домашните и странските филмски остварувања во соодветни услови и современа технологија.

Како што информира за МИА Елизабета Јовчевска, секретар на Општина Велес, документацијата е веќе подготвена и престојнава недела треба да  биде распишана тендерската постапка за набавка на  пакет за дигитално кино, кој вклучува проектор, екран и систем за озвучување.

Тендерската документација ја вклучува и можноста за прикажување и следење на 3Д-филмови.

Инаку, велешкото градско кино сместено во зградата на Синдикатот во центарот на градот  не работи скоро дваесет години.

Во меѓувреме, од 2013 година проекции на филмови  имаше во салата на театарот, со  дигитален кинопроектор обезбеден од Министерството за култура.

Последниве две години поради прегорена ламба на кинопроекторот и негово нефункционирање, граѓаните на Велес, за жал, немаат можност да следат никакви кинопроекции на големото платно.

kinoveles

Би можело да ве интересира

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он23/01/2026 - 17:3023/01/2026 - 17:44

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски09/12/2025 - 14:55

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 11:5201/11/2025 - 12:03

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски18/10/2025 - 12:1218/10/2025 - 13:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен