Деветнаесетгодишник се сомничи дека силувал 10-годишно дете

Од:

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Е.З. (19) од велешкото село Мелница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“.

Пријавениот на 27.07.2016 год. околу 19.00 часот во с.Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница во с.Мелница кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад. После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал, а детето заминало дома. Од срам не кажало никому. Наредниот ден (28.07.2016) неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило.

Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ„Општа болница“ Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесно на преглед во Судска медицина – Скопје. Пријавеното лице е приведено на ден 29.07.2016 год. во 06.30 часот, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Малолетник силуваше девојче, а негов другар снимаше со телефон

Силување во Дојран: Не смееш да бидеш со друг

Хорор во дебарско: Жена грабната од дома, претепана и силувана

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски