Велешанец се заканувал на мајка му и баба му: Ќе ве убијам и расечам ако не ми дадете пари

Од:

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице на возраст од 29 години поради постоење на основано сомневање дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО Велес, осомничениот во два наврати ја загрозил сигурноста на своите мајка и баба. На 16.5.2021 година попладнето дошол дома и држејќи во раката нож се обратил кон мајка му велејќи дека ќе ја убие и неа и баба му и ќе ги расече ако не му даде пари. Тој употребувајќи кон оштетените вулгарни зборови, го скршил мобилниот телефон на неговата мајка при нејзиниот обид да го пријави во полиција. Потоа на 18.05.2021 година повторно постапил на истиот начин со што ја загрозил сигурноста на оштетените при вршење на семејно насилство и го сторил продолженото кривично дело.

– Имајќи предвид дека се работи за кривично дело кое е спротивно на моралните норми за семејните вредности и роднинските врски со оштетените, изразената настојчивост во неговото однесување спрема оштетените, до Судија на претходна постапка е поднесен Предлог за определување на притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес го прифати предлогот на обвинителството и на осоничениот му е определен притвор во траење од осум дена, се додава во соопштението на ОЈО Велес​.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица