Велешанец обвинет за повеќе тешки кражби

Од:

Основното јавно обвинителство – Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за повеќе продолжени кривични дела „тешка кражба“, реализирани во периодот од 11 до 16 октомври 2022 година.

Како што информираа денека од Јавното обвинителтво, во тој период, искористувајќи слични околности и невнимание на ошетените лица, обвинетиот на дрзок начин одзел подвижни предмети од вкупно 17 оштетени. Од продавници, обложувалници, аптеки, угостителски и други објекти тој крадел вредни предмети, пари и производи, со што за себе прибавил противправна имотна корист проценета на вкупен износ од 45.337 денари.

Надлежното обвинителство до Основниот суд во Велес доставило и посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка.​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски