Велешанец фатен со 11 килограми опиум

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 16.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми.

З.К. бил задржан во полициска станица, известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он