Велес се вклучи во Трката за мирот и го пречека факелот на мирот

Од:

Општина Велес заедно со Сојузот на спортови,спортските клубови и основните и средни училишта денеска беа дел од „Трката за Мир” – глобална штафета со факел за мир,а чија цел е да го промовира меѓународниот мир, единството, пријателството и разбирањето.

Во Велес факелот на мирот најпрво влезе кај манасторот „Св Димитрија“,а потоа преку Долни дуќани,Стар мост и Градскиот саат носен од спортистите и учениците пристигна во центарот на Велес,пред споменикот на Рацин каде миротворците со факелот ги пречекаа ученици и граѓани на Велес.

Од името на Општина Велес добредојде на учесниците на „Трката за мир“ им посака Петре Саздов претставник на Општина Велес.

Во своето обраќање до присутните миротворецот и учесник во трката Дидоважан Ренер од Австрија координатор на трката за Европа, потсети дека факелот на мирот низ светот патува веќе 27 години и носи порака за мир. Тој потсети дека факелот на мирот годинава тргна во февруари од Португалија и пропатува низ многу земји во Европа, Македонија е претпоследна, а Србија потоа последна земја каде ќе помине.

– Каде и да одиме овој факел го предаваме од рака во рака,од заедница во заедница и тоа е прекрасно чувство бидејќи секој член е дел од големото семејство на планетата Земја и секој од нас може да го направи светот поубаво место за живеење,порача Ренер во Велес.

Ученици од Велес потоа изведоа богата програма со песна и игра и упатија насекаде во светот пораки за мир меѓу луѓето.Трката за мир со факелот за мир од Велес се упати кон скопската Општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес

Катерина Ѓуровски

Мртов маж е пронајден во возило од градскиот превоз во Велес

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски