Вдомени десет кучиња во акцијата за згрижување бездомни животни

Од:

Вдомени се 10 кучиња во отворените денови за вдомување бездомни животни, што од 4 до 10 октомври ги организираа ЈП „Комунална хигиена“ и Стационарот „Вардариште“.

Како што информира Град Скопје, 60 кучиња што беа достапни за вдомување, претходно беа прегледани од ветеринарен доктор, беа стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило.

– Граѓаните заинтересирани да вдомат бездомно куче и да му ја подарат својата љубов и грижа во оваа акција имаа можност да земат миленик без паричен надомест. За таа цел, вратите на стационарот „Вардариште“ во периодот од 4 до 10 октомври беа отворени секој ден, од 9 до 19 часот, информира Град Скопје.

Акцијата за вдомување кучиња се организираше во рамки на одбележувањето на 4 Октомври – Светскиот ден посветен на заштитата на животните.

Градот Скопје ги потсетува љубителите на животни дека доколку се одлучат да вдомат бездомно куче од стационарот „Вардариште“, тоа можае да го направат и во деновите од вторник до сабота, од 9 до 13 часот.

Би можело да ве интересира

Бизнис во Гази Баба: Превозници им наплаќаат на граѓани по 4.000 денари за кабаст отпад, а го расфрлаат на улица, наместо на Вардариште

Орце Костов

Пожар на скопската депонија „Вардариште“

Инспектори засилено ќе патролираат кај „Вардариште“, ќе спречуваат да се палат кабли и гуми

Жарко Настоски

Масовно предновогодишно труење на кучиња во Битола, активистите бараат да се откријат трујачите

Жарко Настоски

Шилегов: Вардариште генерира и загаденост и смрдеа во Лисиче и Ново Лисиче, за санација се потребни 26 милиони евра

Шилегов: Во Вардариште не се депонира нов отпад, туку се врши негова примарна обработка и се носи во Дрисла