Вчерашниот настан во Тетово имаше за цел да дефокусира, не е добар ниту за Албанците ниту за Македонците, смета Груби

Од:

На вчерашниот настан видовме непотребна иконографија која нема за цел да донесе добро ни за Албанците ниту за Македонците, особено не е добар кога во државата доаѓа висок гостин од Стејт департментот за да ни даде поддршка за европската интеграција на земјата, порача вицепремиерот Артан Груби.

Тој коментирајќи го вчерашниот инцидент во Тетово каде повторно се вееше знаме на т.н. „голема Албанија“ посочи дека не треба да се прави дефокус од важните работи во државата.

-Тоа се мали партии со големи комплекси, јас се надевам дека никој од нас, ниту граѓаните ниту институциите, ниту медиумите нема да им дадат можност преку мали гестови да стануваат големи партии. Вакви настани не ни се потребни посебно не кога во нашата држава пристига висок гостин од Стејт департментот да ни даде поддршка за европска интеграција на земјата, а ние да предизвикаме вакво нешто, да ја дефокусираме јавноста, тој настан, тој вокабулар е само за самофакторизирање и служи на некои агенди кои не и го сакаат доброто ниту на Македонија, ниту на Албанците, ниту на кој било друг и затоа сметам дека треба да ги игнорираме како маргинални фактори во општеството и непотребни инциденти кои се апсолутно провокација за европскиот пат на нашата земја.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го штити Груби

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ, а треба јавно да кажат зошто дозволиле Груби да ги краде народните пари

Петрушевски: СДС да се охрабри да ја признае својата сервилност кон ДУИ, и за тоа да се извини на граѓаните