Вчера во Скопје се случиле 13 сообраќајки

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и 10 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Шест возила се исклучени од сообраќајот бидејќи четири возила биле нерегистрирани додека две биле технички неисправни. Шест возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престроиле и тројца не поседувале пропишана зимска опрема во возилата. Во текот на изминатиот ден издадени се 78 мандатни платни налози, додека 49 возила се подигнати со “Пајак”.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски