Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Од:

Владата на денешната седница по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки до Управни и надзорни одбори за избори на нови членови.

Од Владата соопштија дека на НО на АД Електрани на Северна Македонија му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за Член на УО, кој ќе ја извршува функцијата Генерален директор.

Владата му препора на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – Нав) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Александар Палчевски, на претставникот на акциите и на уделите во сопственост на Владата во АД „11 октомври – Еурокомпозит“, му препорача да го отповика Златко Граороски од должноста Прв извршен член на Одборот на директори и Генерален директор, и на тоа место да го именува Милан Тоцев.

За член на Инспекцискиот Совет денеска е именуван Керамедин Селими, откако на денешната седница беше разрешен од оваа должност Горан Симоновски.

Претходно денеска, премиерот Зоран Заев на прес-конференција го најави разрешувањето на десетици директори на јавни претпријатија и членови на управни одбори, меѓу кои и директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски