Василевска за реконструкција на владата: Ова менување е од шупливо во празно

Од:

Влада за национална пропаст, вака Иванка Василевска започна со денешниот говор од собраниската говорница на која се дискутира за именување на новите министри во владата на СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците.

Василевска истакна дека оваа владино прекројување е само инженеринг и обид за да се отвори и промени македонскиот устав.

– Ова владино прекројување и ова ново некакво владино мнозинство не е ништо друго, туку инженеринг кое што треба да донесе до можноста или обид да се промени уставот или да се отвори уставот, рече таа.

Според Василевска ова е реконструкција од шупливо во празно, посочувајќи дека и покрај тоа што во ресорите земјоделство и култура има неуспех, денеска се разговара за именување на министри во здравство, правда, информатичко општество и животна средина, додавајќи дека не верува дека нешто ќе се смени во следните 10 месеци колку што им преостанува.

– Навидум ова е некаков обид за владина реконструкција, но во суштина менување од шупливо во празно. Тактика која што треба да купи време и да направи обид за да се направи уште еден многу несмасен удар врз унитарноста и она што е национално и државно достоинство, потенцираше Василевска.

– Не можам да поверувам дека последните 10тина месеци колку што ви преостануваат од вашето владеење ќе направите било што. Единствено што ќе направите со новиот коалиционен партнер е да наполните нечии џебови, да се обидете да подмирите стари долгови, децидна е таа.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги