А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вашингтон без реакција за изборите во Македонија

by А1он19/02/2013 - 17:1619/02/2013 - 17:25106
Share0

Во американскиот Стејт департмент не реагираат за изборниот бојкот на дел од опозицијата во Македонија. САД се приклучија на заедничкото кусо соопштение, заедно со амбасадите на Европската Унија, НАТО и ОБСЕ од минатата недела, во кое се побара политички дијалог и ставање на стратешките приоритети на земјата на прво место.

Следете a1on на Instagram Instagram

Дополнително, освен неформални изрази на жалење, американската дипломатија веќе подолго време наназад не сака дополнително да ги коментира случувањата во Македонија. Нема најави ниту за посета која би имала карактер на посредување меѓу македонските политички партии.

Заменикот помошник државен секретар Филип Рикер наскоро ќе го посети регионот и ќе престојува во Албанија, но не се спомнува посета и на Македонија. Рикер за Тирана, преку интервју, најави порака дека претстојните парламентарни избори во Албанија ќе се сметаат како литмус тест за демократијата во оваа земја и побара Албанија да продолжи да работи на реформите потребни за добивање кандидатски статус за членство во Европската Унија.

Американскиот Стејт департмент се уште се комплетира, по доаѓањето на државниот секретар Џон Кери и очекуваното заминување на помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Фил Гордон, кого го очекува трансфер во Централниот, европски регион на Советот за национална безбедност на претседателот Обама.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во меѓувреме, пораки дојдоа од американскиот Конгрес, преку конгресмените кои работеле или работат на развојот на демократијата во Македонија. Демократот Дејвид Прајс кој претседава со Комисијата за поддршка на демократијата, по средбата со претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски при неговата неодамнешна посета на Вашингтон, ја оцени Македонија како клучна демократија во балканскиот регион и земја за пример за соседите.

Ерл Померој, поранешен демократски конгресмен и член на истата Комисија, оцени дека тешките прашања треба да се решаваат во Собранието, низ демократски процес и со почитување на владеењето на правото.

sad

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Куба „експлодираше“ по потегот на Америка

Предраг Петровиќ22/05/2026 - 21:48

Иран и САД сè уште не постигнаа договор, но разликите се намалија

Горан Наумовски22/05/2026 - 17:48

Американците ја предупредуваат Европа: НАТО можеби нема да ве спаси

Горан Наумовски22/05/2026 - 17:1622/05/2026 - 18:06

(ВИДЕО) Објавени нови снимки за НЛО во САД

Горан Наумовски22/05/2026 - 16:0322/05/2026 - 21:10

Поранешна обвинителка e обвинета дека сама на себе си испраќала тајни извештаи за Трамп

Горан Наумовски21/05/2026 - 22:31

Ердоган го поддржува продолжувањето на примирјето меѓу САД и Иран

Горан Наумовски21/05/2026 - 22:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто