Вардар поплави земјоделски површини кај Миравци и Мрзенци, Гевгелиско

Од:

Зголемениот водостој на реката Вардар предизвика излевање на водата на критичните точки во општина Гевгелија, пред се на крајбрежните делови во атарите на селата Миравци и Мрзенци кои се претежно земјоделски површини, а под вода е исто така и мото крос патеката кај Гевгелија.

Состојбата со Петрушка, Конска и Сува Река е целосно нормализирана по враќањето на водата во коритата, беше соопштено денеска на стручниот колегиум со кој раководеше градоначалникот Иван Франгов.

Сообраќајот во Општината е повторно нормализиран и воспоставен на сите патни правци, вклучително и од Гевгелија кон Моин како и на патот Миравци-Милетково, кој беше прекинат поради оштетувањата на мостот на Петрушка Река.

Градежната инспекција интервенираше на критичните точки на Сува Река, каде е спречено излевање на водата. Механизацијата моментно е ангажирана на пренасочување на коритото на Мрзенска Река која поплави земјоделски посеви, фарми и други објекти на крајбрежјето.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава