Вардар излеан во Велешко

Од:

Надојдените води на Вардар се излеаја кај селата Уланци, Виничани и Долно Градско каде се зафатени поголеми површини под земјоделски култури.

Златко Костов од Регионалниот Центар за справување со кризи од Велес, информира дека е поплавен и локалниот пат Уланци-Градско. На терен со механизација се  излезени екипи од Општина Градско, каде се работи на расчистува на  патот кој се уште не е прооден за автомобили и пешаци. Моментално на патот можат да поминат само трактори.

Костов информира дека вечерва има можност за излевање на Вардар на потегот од село Ногаевци во реонот на Градско до Гевгелија, поради зголемување на приливот на вода од Пчиња и Брегалница.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава