Ванковска на чекор до целта, Јакимовски брка 700 потписи

Од:

Неколку стотини потписи ги делат Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски од статусот кандидат за претседател.

Кандидатката за претседател на Левица заклучно со 20 часот на 29 февруари собрала 9.722 потписи, додека градоначалникот на Карпош стигнал до 9.265.

За очекување е дека и Ванковска и Јакимовски ќе ги соберат потписите во текот на денешниот ден, евентуално утре со што ќе го исполнат неопходниот услов од 10.000 лица запишани зад нивната кандидатура.

Од другите кандидати Мерсиха Смајловиќ и Вело Марковски ја надминаа бројката од 1.000 потписи.

Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски веќе ја завршија својата работа со собирањето потписи.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори

Изборен штаб на Ванковска: Денешниот изборен ден поминува мирно во фер и демократска атмосфера

Горан Наумовски

Јакомовски: Мора да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високите сметки

Ванковска: Нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Горан Наумовски

Денеска Ванковска ќе одговара на прашања преку Фејсбук

Јакимовски: Не планирам да не се пласирам во вториот круг, а во вториот круг обично јас победувам