Ванхауте: Прогрес во преговорите за медиуми

Од:

Од канцеларијата на олеснувачот во преговорите, Питер Ванхауте, денеска стигна соопштение дека постои прогрес во преговорите за медиуми. Инаку, денеска беше краен рок за постигнување договор меѓу партиите по однос на медиумиет и пакетот закони со кој ќе бидат опфатени.

Според соопштението од Ванхауте на средбата на работната група денес се дискутира за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поконкретно за улогата и функционирањето на Агенцијата.

„Политичките партии ги земаат во предвид сите предлози од консултациите со различните засегнати страни при процесот на постигнување договор. Дополнително, од самиот почеток на преговорите за медиумите, посредувачот Ванхауте редовно остварува консултативни средби со засегнатите страни каде тие ги изнесуваат нивните позиции и ставови, со цел законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, Советот на Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и барањата на новинарите, здруженијата, синдикатот и сите останати засегнати страни. Одржувањето на преговорите ја следи методологија и динамиката воспоставена уште на самиот почеток. Политичката работна група се среќава секојдневно, се дискутира на една тема се додека не се постигне договор, а потоа се преминува на дискутирање на следна тема“, информираа од таму.

Маја Васева

 

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ