ВИДЕО: Ванхауте ќе ги посети пратениците во Анкетна комисија

Од:

Посредувачот во преговорите, Питер Ванхауте, утре ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија која е блокирана затоа што пратениците после две седници не можат да се усогласат за Деловникот. Ванхауте изразил желба да им се обрати на пратениците по однос на еден член од предложениот деловник кој предвидува во случај на изедначен број на гласови при носење одлуки, да надвладее гласот на претседателот на Комисијата.

Претседателот, Петре Шилегов, им го соопшти ова на членовите откако расправата на денешната седница не успеа да се помести од првиот член на предложениот деловник. По час и половина и по една пауза, Шилегов одлучи да ја прекине седницата и да ја презакаже за утре.

-Бидејќи не можеме да се убедиме и да се договориме за членот 16 и за да не дојде до различни толкувања, разговарав со Ванхауте и тој изрази подготвеност да се појави во Комисијата и да даде свој исказ – соопшти Шилегов.

Ова наиде на реакции кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои по прекинувањето на седницата прашаа зошто белгискиот експерт да присуствува на седница, кога не може да гласа.

Спорниот член од деловникот предвидува решение во случај кога има изедначен број на гласови „за“ и „против“ во носењето на одлуки, затоа што во Комисијата членуваат парен број на пратеници. Во тој случај ќе се одлучува според гласањето на претседателот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на ова реагираа дека е спротивно на Уставот затоа што на претседателот на Комисијата му се дава право на два гласа. Шилегов на тоа реагираше дека ваквите механизми се применуваат во словенечкото и британското законодавство, како и меѓународната пракса.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски

Експлодира бомба во Загреб, оштетени се два објекти, нема повредени

Горан Наумовски