Валандовските земјоделци ги бараат неисплатени субвенции и вода за наводнување

Од:

„Веќе две години нема исплатено никакви субвенции за лозарите како најзастапена култура во Валандовско, ниту за 2011, ниту за 2012 година. Нема исплатено ниту денар субвенции за подигањето нови овошни насади, предаденото жито и другите култури, што ги одгледуваат овдешните земјоделци. Во село Пирава населението живее од земјоделство, зашто само од лозјата не се живее, а без пари, без субвенции, не можеме да ги подготвиме нивите за следната сеидбена сезона“, обвинуваат лозарите од валандовското село Пирава.

Освен неисплатата на субвенциите, горлив проблем деновиве им е сушата и немањето вода за наводнување од системот „Удово 2“, кој го води Водостопанското претпријатие „Јужен Вардар“ со седиште во Гевгелија, подрачна единица – Валандово.

„Нема пуштено ниту еден литар вода кон полињата од стариот систем ХСМ 1 и ХСМ 2, кој работеше на електричен погон. Главниот канал беше со капацитет од два метри кубни вода во секунда. Од пуштањето во употреба во 1953 досега, целосно е амортизиран, а поради кражбата на каблите, тој е надвор од функција“, вели Васил Пиндеров, претседател на Здружението на лозари од село Пирава, Валандовско.

Пиравчани стравуваат дека поради немањето вода за наводнување грозјето ќе остане со преполовен род, а таква судбина ги чека и другите култури. Поради континуиран проблем со наводнувањето, веќе неколку години по ред лозарите од Пирава почнаа да ги исколчуваат лозовите насади и да садат други култури. Но, неисплатата на субвенциите им ги помати сметките дека ќе бидат поуспешни со другите насади.

Немањето вода, според кажувањето на најголемиот лозаропроизводител од Валандово, винаријата „Визба“, е условено со исплата на енормо висока цена за нејзиното користењето. Ако се пушти системот за наводнување, тој ќе потече кон сите корисници, а меѓу нив и до плантажите на „Визба“, која е задолжена да плаќа 300 евра вода за наводнување на еден хектар површина, или вкупно 60.000 евра трошоци за наводнување за еден месец. Тоа, велат од „Визба“, е поскапо и од цената што ја плаќаат за заштита на лозјата и за нив е економски неиздржливо. Затоа, ќе го исплатат последниот договор и ќе продолжат со самостоен ископ на сопствени бунари за наводнување на лозјата.

Од водостопанското претпријатие „Јужен Вардар“ и покрај целодневниот обид да контактираме со директорот Тихо Тенеќеџиев, не добивме никаков одговор.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он