Вакцинирањето против сезонски грип се одвива непречено, вакцини има за сите заинтересирани

Од:

Изминативе седум дена, 3270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонски грип во здравствените домови и општите болници низ државата, а 126 граѓани преку матичен лекар резервирале термин, но не се појавиле на закажаниот пункт, односно не дошле да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство.

Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на шест пункта на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес, Неготино,Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се врши во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.

Според утврдениот протокол за системско менаџирање, на термините за вакцинација, секој петок од тековната недела се отвараат термини преку системот „МојТермин“. Оваа пракса годинава е воведена бидејќи се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба каде физичка и временска дистанца меѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Од таа причина системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор.

Вакцини има за сите, посочуваат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните кои закажале термин за вакцинирање да се појават на пункт за вакцинација, а доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат.

Би можело да ве интересира

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он