А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вакцинацијата против сезонски грип почнува идната недела

by А1он05/11/2020 - 14:33351
Share0

Вакцините против сезонски грип денеска пристигнуваат во државава и ќе бидат распределени по центрите за јавно здравје, а вакцинацијата, како што информираа од Центарот за јавно здравје Скопје, ќе почне на стартот на идната недела. Ова го потврдија од Министерството за здравство.

Добивај вести на вибер

Вакцините се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

Вкупно се набавени 40.000 дози на четири типни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години.

Сезонската имунизација против грип во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, ќе се одвива во шест поликлиники на територија на град Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.

Измунизацијата ќе биде со упатување од матичен лекар преку системот МојТермин, во периодот од 14 до 19 часот. Kомерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, каде и ќе се врши вакцинирањето. Центарот за јавно здравје Скопје ќе набави 4000 вакцини, а цената ќе биде по 800 денари, потенцираат од Министерството за здравство.

gripmz

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Горан Наумовски20/01/2026 - 13:51

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Горан Наумовски20/01/2026 - 13:01

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски14/01/2026 - 21:3014/01/2026 - 21:31

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он08/01/2026 - 15:3008/01/2026 - 15:32

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен