Вакцинацијата против грип почнува в понеделник

Од:

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 5 ноември (понеделник) во центрите за јавно здравје низ државата.

Годинава првпат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Останатите лица кои сакаат да се вакцинираат, треба да платат 650 денари, информираат од Министерството за здравство.

Обезбедени се вкупно 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година.

Станува збор за четиривалентната најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна база, но препорачана е за хронично болни и возрасни пациенти.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски