Вајгел, Флекенштајн, Кукан: Забележавме нова динамика во земјата и на патот во ЕУ

Од:

Политичкиот дијалог е неопходен за напредување на патот на итните реформи и за подобрување на парламентарната култура и атмосферата во Собранието, се вели во заедничката изјава на европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан по средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, лидерите на политичките партии и координаторите на парламентарните политички партии.

Европратениците, посочуваат дека на средбите, ја изразиле својата постојана поддршка за дијалог меѓу политичките партии, особено за реформската агенда неопходна за членството на земјата во ЕУ и за ефективното институционално функционирање на Собранието.

– Спикерот и политичките партии ја поздравија посветеноста на Европскиот Парламент и нашите предлози за поддршка на дијалогот и барањето на компромиси кои се дел од сите ефективни и модерни парламентарни институции. Разговаравме како да го унапредиме политичкиот дијалог во Собранието и го поддржиме градењето капацитети за вработените и членовите на Парламентот, вклучително преку техничка експертиза поддржана од Европската комисија, се вели во заедничката изјава на тројцата европратеници.

Во нашата работа со еврокомесарот Хан, се вели во соопштението, секогаш ја покажуваме нашата солидарност да работиме со Собранието за поддршка на државата на патот кон Европска интеграција.

– По средбите забележуваме нова динамика напред во земјата. Задоволни сме од интересот искажан од спикерот и лидерите на политичките партии за вклучување во дијалог за работите од стратешка важност за земјата и нејзините граѓани, вклучително за реформите неопходни за напредок на патот за евроинтеграција. Во пресрет на локалните избори, ги охрабруваме сите политички претставници и институции да се однесуваат одговорно и да обезбедат еднакви услови за сите граѓани да ги исполнат слободно своите демократски права, се наведува во заедничкото соопштение на европратенците Вајгл, Флекенштајн и Кукан.

Би можело да ве интересира

Во ЕУ нови правила за Chat GPT, Grok, Gemini

Предраг Петровиќ

Трамп: Најголем договор досега

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски

Трамп: САД и ЕУ имаат добри шанси да постигнат трговски договор

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Горан Наумовски