В среда пратениците ќе гласаат за доверба на Владата

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поднела иницијативата за изгласување недоверба на Владата до Собранието, потврди координаторот на пратеничката група, Драган Данев.

Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, ги известил пратениците дека во вторник ќе закаже седница за в среда на која ќе биде поставена оваа точка.

Според деловникот на Собранието пратениците гласаат за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба.

Претседателот на Владата пред гласањето има право да му се обрати на Собранието. Со постојниот распоред на политичките сили во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ги нема потребните 61 глас за да ѝ биде изгласана недоверба на Владата.

Деловникот предвидува ако на Владата ѝ биде изгласана недоверба, премиерот до Собранието да поднесе оставка во рок од 24 часа од изгласувањето.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он