В петок велосипедско дефиле „Во град без мојот автомобил“

Од:

По повод Европската недела на движење, која оваа година во цела Европа и пошироко се одржува под мотото „Чист воздух – ти си на потег“, во петок од 10:30 па се до 13 часот, во Скопје ќе се одржи големо велосипедско дефиле под мотото „Во град без мојот автомобил“.

Настанот е во организација на Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

den bez avtomobili poster (1)

Целта на манифестацијата е на граѓаните да им се пренесе пораката дека преку личен избор на начинот на своето движење и изборот да користат велосипед, јавен транспорт или пешачење наместо своите автомобили, имаат можност да дадат свој придонес за подобрување на квалитетот на воздухот во градот и подобрување на својата животна средина.

den bez avtomobili poster (2)

Велосипедското дефиле ќе стартува кај Портата Македонија, а ќе заврши во Градскиот парк, каде што ќе се организира лотарија за доделување на 16 велосипеди и 2 „тетоважи” за велосипеди на учесници во дефилето, како и саем на велосипеди од познати светски брендови, бесплатна работилница за поправање велосипеди и сл.

Учесници во велосипедското дефиле се ученици од сите средни училишта во градот и граѓани кои се љубители на велосипедизмот, здравиот начин на живеење и чистиот воздух.

 

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош