В недела почнува зимското сметање на времето

Од:

Зимското сметање на времето почнува в недела во 3:00 часот со поместување на времето за еден час наназад, сметајќи се како 2:00 часот, информираат од Бирото за метрологија.

Летното сметање на времето во 2021 година се завршува на 31 октомври во 3:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3:00 часот се смета како 2:00 часот.

– Часот кој на 31 октомври 2021 годинa, поради поместувањето за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува првиот пат како час 2А, а втотриот пат како час 2Б, се вели во соопштението од Бирото за метрологија.

Одлуката е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија број 68 од 25 март 2021 година.

Би можело да ве интересира

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

А1он

Почна зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето почнува викендов

Ноќеска почнува летното сметање на времето

Почнува зимското сметање на времето

Ана Ололовска

Останува зимското сметање на времето

Катерина Ѓуровски