В недела на Водно традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022

Од:

В недела во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинешната прослава на Бадник, традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2022 што по 30-ти пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

Одборот за традиционална прослава на Бадник соопшти дека неделната средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат кумовите и здравичарот Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот д-р. Никола Пановски и д-р. Миодраг Врчаковски, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата.

– Потоа ќе следат изјави за медиумите, по што ќе се одржи дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент и на чист воздух, на само 20-на километри од загаденото и зачадено Скопје, со пржена риба, со чаша пиво, вино и сок, соопшти Одборот.

Би можело да ве интересира

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

Радомир Макеларски кум на „Бадник 2025“, здравичар Атанас Петров

Централно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

Традиционално сечење бадникови гранчиња, на Бадник ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм

ВМРО-Народна ги повика скопјани да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови