А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Увид во избирачкиот список извршиле над 13 илјади граѓани

by А1он01/02/2013 - 17:02128
Share0

Јавен увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК од 26 јануари 2013 година кога започна увидот, заклучно со денешниот ден (01.02.2013) извршиле вкупно 13.142 граѓани, соопшти Државната изборна комисија.

Добивај вести на вибер

Увидот ќе трае до 9 февруари 2013 година до кога гласачите ќе можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список.

Увидот се врши секој ден во периодот од 08.30 до 19.00 часот со можност за запишување, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список. Воедно, се повикуваат сите полнолетни граѓани кои после 11 јануари 2013 година, извадиле биометриска лична карта или патна исправа да се јават во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија заради проверка и впишување во Избирачкиот список за време додека трае јавниот увид.

– Доколку по завршувањето на јавниот увид не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2013, стои во соопштението.

Гласачите проверката можат да ја вршат и по електронски пат преку веб страницата на ДИК: www.sec.mk во делот Избирачки список.

izbori

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен