Увид на делницата во Росоман за експресниот пат Градско-Прилеп

Од:

Увид во состојбата на делницата од Росоман кон селото Крушевица која ќе се експлоатира при градење на експресниот пат Градско-Прилеп, денеска извршија претставници на росоманската локална самоуправа, изведувачот и супервизорот при изградбата на патот.

Делницата подоцна треба да биде пристапна од експресниот пат до Росоман и треба да биде вратена во првобитна состојба.

Драган Симоновиќ, раководител на Одделението за урбанизам при општина Кавадарци, кој беше таму како стручно лице во рамките на меѓуопштинската соработка, појасни дека суштината на увидот на лице место е да се констатира фактичката состојба на локалната делница за селото Крушевица, која во иднина ќе биде пристап од експресниот пат до Росоман.

-Очигледно, претходно не е согледана добро состојбата. По функција оваа локална делница не ги исполнува стандардите како пристапен пат до општина. Димензиите на оваа делница треба да се многу поголеми. Оваа состојба веднаш треба да се пренесе како пропуст во Јавното претпријатие за државни патишта, за да се констатира тој пропуст и да се изнајдат решенија за нејзино проширување, како би можела во иднина да функционира како таква. Сега може да се користи само како сервисна делница при изградбата на експресниот пат. За да се задржи оваа делница, неопходно е да се согледаат моменталните состојби и да се детектираат проблемите, па после нејзината експлоатација и по изградбата на експресниот пат, да се утврдат сите дефекти настанати од таа експлоатација од градежните машини и да се врати нејзината употребна состојба, нагласи Симоновиќ.

Градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев потсети дека се ближи времето кога треба да почне изградбата на патот Градско-Прилеп.

-Ја констатираме оваа состојба, бидејќи сакаме да укажеме на фактичката состојба за после завршување на работите, овие улици кои ќе бидат експлоатирани од изведувачот на патот, да се вратат во добра состојба. Сакаме исто така да го припремиме делот од патот кој ќе биде користен, а кој минува покрај куќи во Росоман, за да немаме реакции од росоманци, додаде градоначалникот.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска