Утврдувањето лекарска грешка кај починатите до 40 години трае подолго оти се внимава лекарите да немаат конфликт на интереси

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега иницирал 25 стручни надзори кои треба да покажат дали имало лекарска грешка во лекувањето на починатите пациенти од Ковид-19 до 40 години.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова – Бухова вели дека утврдувањето на евентуалните лекарски грешки оди споро оти се внимава лекарите кои го прават надзорот да немаат конфликт на интереси. Стручните надзори кои ги иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги прави Лекарската комора на Македонија во која членуваат и лекарите кои се предмет на надзорот, како и нивни колеги, вработени во истите здравствени установи.

„Лекарите кои ги вршат стручните надзори кои ги иницираме се членови на лекарката комора, каде членуваат сите лекари кои имаат лиценци. Тие во моментов работаат и на лекување на пациентите. За да се избегне конфликт на интереси за стручните надзори се бираат лекари кои не работат на исто место и затоа надзорот трае подолго време, лекарите се преоптеретени. Ниту еден стручен надзор нема да остане неодговорен“, рече директорката Сотирова – Бухова.

Во моментов во инспекторатот во тек се 11 вонредни надзори, а три надзори кои веќе ги направиле се затворени оти немало причина да се иницира стручен надзор од Лекарската комора.

Би можело да ве интересира

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

Орце Костов

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Затворени кујните во шест училишта во Карпош по појавата на салмонела

Инспекцијата влезе во Психијатриската болница Бардовци откако се појавија видеа со тепање пациенти

Катерина Ѓуровски