Утврдени условите за легализација на дивоградби изградени до 1 октомври годинава

Од:

Владата го утврди Предлог – законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, со кој се предвидува можност за легализација на дивоградби од значење за Републиката и од локално значење кои се предвидени со Законот за градење или друг закон, а кои претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 1 октомври годинава.

Предмет на тој закон се и бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа или правни субјекти основани од Република Северна Македонија односно од единиците на локална самоуправа, кои заклучно со 1 октомври годинава се градежна целина, а не и функционална целина, соопшти денеска владината прес-служба.

Предлог законот не ги опфаќа сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на Конвенцијата на УНЕСКО, во границите утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион како и станбените згради и доградбите и надградбите на истите.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески минатата недела изјави дека за легализација на дивоградба ќе се плаќаат комуналии за објектот плус 50 проценти од тој износ како казна, а од таа давачка ќе бидат ослободени лицата од социјален ризик.

За легализација на нелегални објекти ќе може да аплицираат граѓаните кои ги испуштиле роковите за доставување документација со сегашното законско решение.

За оние кои поднеле барање според стариот закон ќе важат одредбите според кои за легализација се плаќа по евро за метар квадратен.

Со актуелниот Закон за легалзиација на дивоградби беа поднесени над 430 илјади барања за легализација, а во рокот што се продолжуваше во два наврата имаа право да аплицираат сопствениците на дивоградби изградени до 3 март 2011 година. Податоците на Катастарот покажуваат дека досега се спроведени решенија за легализација на 245.544 објекти.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски