Утврдена е насилна смрт кај пронајдено лице во кичевско Црвевци

Од:

По извршениот увид од јавен обвинител утврдена е насилна смрт со давење кај 75-годишниот жител од кичевско Црвевци.

– Во текот на вчерашниот ден, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со службени лица од полицијата, по пријавен настан вршеше увид на лице место во семејна куќа во село Црвевци, Кичевско каде беше пронајдено починато лице. Починатиот, 75-годишен жител на селото живеел сам во куќата. Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење, соопшти Јавното обвинителство.

Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски