ВИДЕО: Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Од:

Кандидатот на албанската опозиција за престојните претседателски избори Блерим Река ќе биде прв на избирачкото ливче, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, а трет е кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Во Државната изборна комисија денеска беше спроведено жребувањето за редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче. Бројчињата ги влечеа претставниците на нивните изборни штабови, кои исто така потпишаа Кодекс за коректно однесување на престојните избори со цел да има коректен натпревар меѓу сите учесници.

ДИК донесе решение за прифаќање на тројцата кандидати за претседател на Република Северна Македонија.

Оттаму појаснија дека во вториот круг кандидатите го задржуваат редниот број.

„Вчера јавноста ги слушна изјавите на претставниците на партиите дека ќе се води европска кампања и се надеваме дека кандидатите ќе водат европска кампања. Од овие избори зависи европската иднина на Северна Македонија и ДИК ќе направи се за фер и демократки избори.

Ги замолуваме кандидатите, партиите и активистите пред кампањата и во кампањата да се држат до правилата од изборниот законик за предвремено почнување на кампањата. Нема потреба поради непромислени изјави да се ставаме во улога на судија и да одлучуваме по некакви преговори“, порачаа од комисијата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември