Утврден предлогот Иванова да биде именувана за нов генерален секретар на Собранието

Од:

Предлогот Цветанка Иванова, правник и поранешен пратеник од СДСМ да биде именувана за генерален секретар на Собранието денеска беше изгласан на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На оваа одлука и претходеше одлука за разрешување на досегашниот генерален секретар Жарко Денковски.

Предлог одлуките за именување на Иванова и за разрешување на Денковски до Комисијата беа доставени со потписи од 49 пратеници од СДСМ и коалицијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од колегите од владејачкото мнозинство да образложат зошто бараат смена на Денковски, кој според нив професионално си ја извршувал работата и за неговата работа немало забелешки од ниту една пратеничка група. Обвинија дека и покрај тоа што ја напаѓале Владата на ВМРО-ДПМНЕ за партизација, сега СДСМ на функции именува и предлага луѓе кои се од високи структури на партијата, како на пример директорот на Агенцијата за администрација, а сега и со предлогот Цветанка Иванова да биде генерален секретар на Собранието.

Тие, како што посочија, не се против кандидатот, но како што кажа Илија Димовски, станува збор за строго партиски кадри, што не ја намалува нивната професионалност, но пратеничките групи треба да имаат доверба во генералниот секретар бидејќи тој ја организира работата на Парламентот. Со изборот на кадри кои се истакнати членови на политички партии, смета тој, се оди чекор назад во однос на департизацијата, за што се залагаше граѓанскиот сектор и тогашната опозиција сега владејачко мнозинство.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев рече дека од респект кон сегашни и поранешни колеги и од полна почит кон господинот Жарко Денковски не подлегнале на провокациите и не сакале да земат збор.

Пратениците не го поддржаа предлогот на пратеникот Димитар Стевананџија, кој бараше Комисијата да изгласа заклучок Собранието да објави одлука за избор на генерален секретар и за заменици на генералниот секретар преку конкурс.

Седницата на собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата беше прекината на третата точка на дневниот ред. Членовите на Комисијата требаше да се изјаснат за предлозите за заменици на претседателот на Собранието на РМ. Продолжението на Комисијата ќе биде дополнително закажано.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он