Утврден идентитетот на загинатите во вчерашната сообраќајка во Ресенско

Од:

СВР-Битола го утврди идентитетот на загинатите лица и другите учесници во сообраќајната несреќа што вчера се случи кај местото викано „Рибник“ во непосредна близина на наеленото место Крушје.

Во сообраќајката учествуваа три патнички возила, а на местото на несреќата загинаа четири лица.

– Сообраќајната несреќа се случи ма магистралниот пат „А-3“ релација Охрид-Ресен, кај местото викано „Рибник“ во село Крушје. Во сообраќајната незгода учествуваа три патички моторни возила – „мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од Миле Р. (1951г.) со сопатничката Менка Р. (1953) и двајцата од Битола, патичко моторно возило „ауди а-4“ исто така со битолски регистерски таблици управувано од возач С.Н. (1974) која патувала заедно со Димче С. (1959) и Цена С. (1965), жители на општина Могила и трето патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од И.Т. (1991) со својот сопатник В.Р. (1991). Во сообраќајната несреќа на местото на настанот животот го загубија Миле Р., Менка Р., Димче С., и Цена С., а смртта ја констатира медицинска екипа на Службата за итна медицинска помош од Здравствен дом Ресен. Со тешки телесни повреди е лицето С.Н. која управувала со возилото „ауди А-4“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Се води истрагата за сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Идентификувана е и четвртата жртва од сообраќајката на обиколница, 20-годишно момче

Катерина Ѓуровски

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син се меѓу жртвите во трагедијата на скопската обиколница

Четворица загинати во страотна сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Повредени се 62 годишна жена и 12 годишно дете – се судрија со тротинети

А1он

Загина патник во такси во Подгорица

А1он