Утрово најстудено во Берово

Од:

Во Берово утрово е најладно, -4, а максимални четири степени се измерени во Дојран.

Како што информира УХМР, до 7:30 часот било -3 во Лазарополе, -2 во Скопје Петровец, -1 во Крива Паланка, Маврово, Претор, Прилеп и Струмица, 0 во Скопје-З.Рид, Штип, Тетово, Охрид, Битола, Демир Капија и Гевгелија, како и еден степен во Крушево.

Снег има само во Маврови Анови со висина од 12 сантиметри.

Во источните делови од земјава засега е претежно ведро, а во западните има појава на умерена облачност.аде дува слаб променлив ветер.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно, суво и топло време, а максималните температури на повеќе места ќе надминуваат 20 степени. Во вторник и среда во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. мч/

Би можело да ве интересира

Нов топлотен бран, период со температури до 40 степени

Катерина Ѓуровски

Од четврток повторно многу топло, во викендот до 40 степени

Температури до 36 степени денеска освежување во вторник, потоа повторно топло

Катерина Ѓуровски

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

Следува период со потопло време, со максимални 39 степени

Облачно со сончеви периоди, услови за краткотрајно невреме и благ пад на температурите