Утрото студено, преку ден сончево со мала облачност

Од:

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Од УХМР соопштија дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени.

Од УХМР посочуваат дека во наредните денови следува период на стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку денот сончево

Студено, преку денот сончево со мала локална облачност

Променливо облачно и студено

Најстудено во Берово, најмногу дожд на Попова Шапка

Горан Наумовски

Најстудено во Берово, во Охрид најтопло

Насекаде минусни температури, над нулата само во Дојран